Автомобилизам

Изненадување за Ферари на самиот почеток на Формула 1 натпреварувањето

 

Почетокот на Формула 1 натпреварувањето не започна како што се планираше во тимот на Ферари.

Првата трка во сезоната во Мелбурн, Австралија, ја завршија на четвртата и петтата позиција, иако имаа многу подобар почеток.

Иако во Ферари за знаменосец го гледаат Себастијан Фетел, тој не покажа задоволителни резултати, дури, поради него не дозволија вториот возач Леклер да помине пред Фетел бидејќи имаше многу подобро возење.

Уште на првата трка се даде до знаење дека Фетел ќе биде штитен како прв возач во тимот.

Мерцедес стандардно го имаат првото место со Ботас и второто со Хамилтон, додека на третото место се позиционираше Верстапен од Ред Бул.

 

Слични написи

Заврши четириесет и првото издание на Дакар 2019

admin

Renault Megane RS заминува во историјата

Biba

Премиера на Volkswagen Golf 8 на македонскиот пазар

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.