Забава

Изборот на домашен миленик го открива вашиот карактер

 

Според некои истражувања, луѓето кои имаат домашни миленици се различни по карактер. Општо е прифатено мислењето дека сопствениците на кучиња се поопуштени и поотворени, а сопствениците на мачки се сосема различни, бидејќи овие животни се сметаат за ладни и пресметани. Но, која е вистината?

  • Сопственици на кучиња. Луѓето кои чуваат кучиња се сметаат за поконзервативни од оние кои имаат мачки, но од друга страна пак, тие се поекстровертни. Поотворени се и преферираат да го искористат денот практично, наместо да филозофираат за ситници и да плачат по истуреното млеко. Сопствениците на кучиња почесто ги прифаќаат новите технологии отколку другите сопственици на домашни миленици. Тие се самоуверени, упорни, проактивни, енергични и отворени.
  • Сопственици на мачки. Себеси се сметаат за полиберални, но и поневротични од сопствениците на кучиња и уживаат во сарказам и игри со зборови. Можат полесно да издржат поголем стрес и се повеќе интровертни во споредба со сопствениците на кучиња. Сакаат да поминуваат време сами и затоа повеќе сакаат самостојно да работат на проекти отколку тимски. Ним им треба време да ги прифатат новите технологии. Сопствениците на мачки почесто имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција.

  • Сопственици на риби. Луѓето кои избираат риби за домашни миленици се задоволни личности, посмирени и емотивно постабилни од другите сопственици на миленик.
  • Сопственици на морско прасе, хрчак… Луѓето кои чуваат хрчаци и слични глодари,  претежно се интровертни и под поголем стрес отколку што покажуваат.
  • Сопственици на желки. Рационални, вредни, одговорни и ориентирани кон целта. Ова се само дел од позитивните црти што ги опишуваат сопствениците на желки.
  • Сопственици на коњи. Сопствениците на коњи се поодлучни и поактивни од другите сопственици на животни, тие се топли и грижливи луѓе. Ако имате мажјак повеќе сте склони кон агресија и сакате да доминирате кога сте во друштво, а ако имате женка сте поопуштени.
  • Сопственици на птици. Луѓето кои имаат птици се сметаат за многу грижливи и љубезни.

Слични написи

Денес е Светскиот ден на смеењето

Biba

Највисокото кафуле на светот до кое не може секој да стигне

Biba

Нацистички орден продаден на аукција за сума од 45 000 долари

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.