Режисерите на хорор филмови постојано се обидуваат да ги поместат границите на стравот и да им пружат на своите гледачи нови “возбудувања” кои ќе им овозможат кошмарни ноќи. А гледачите пак, со нетрпение го очекуваат чувството на страв кој им го пружа филмот.
Но, зошто толку многу сакаме да бидеме преплашени? Катерина Бантинаки, автор и професор на Универзитетот во Крит, објаснува дека тоа се случува заради желбата да почувствуваме интензивни емоции кои се на границата на хедонизмот и контролата.
“На почетокот, чувствата на страв, хорор или гадење се чинат непожелни и непријатни, но и покрај тоа што луѓето во реалниот живот ги избегнуваат тие чувства, се покажува дека повеќето чувствуваат задоволство кога размислуваат за болка. Во гледањето филмови и читањето литература која има елементи на страв или хорор, пресуден фактор кај луѓето кои уживаат во тоа е фактот дека имаат контрола да запрат кога ќе посакаат”, објаснува Бантинаки.
“Сознанието дека во било кој момент може да стане и да си замине од кино или да го прекине филмот, му пружа на гледачот контрола над количината на страв која може да ја поднесе. Самата идеја дека тој има моќ над сè што го плаши, кога зборуваме за филмовите и за книгите, човекот чувствува голема возбуда од фактот дека нешто ќе го шокира, исплаши или ќе му предизвика гадење. Важен е интензитетот на чувствата кои се доживуваат, а целта е човекот да биде силен”, додава таа.
Парадоксот на гледање хорори одамна предизвикува искри во академските кругови. Најчеста е дискусијата меѓу заговорниците кои сметаат дека хорорите се привлечни заради тоа што предизвикуваат страв и гадење и оние кои сметаат дека таквата уметност е привлечна и покрај тоа што предизвикува страв.
“Луѓето кои одат во кино да гледаат хорор филмови го прават тоа затоа што сакаат да бидат уплашени. Хорорите мора на крајот на филмот на гледачите да им пружат правда, а главниот негативец во филмот мора да добие заслужена казна. Визуелниот аспект на овие филмови е сè уште за многу луѓе вознемирувачки. Луѓето имаат способност да обрнуваат внимание на нешто онолку колку што тие тоа го сакаат, за да го ограничат влијанието на информациите кои ги примаат и да ги спречат негативните емоции”, вели д-р Џефри Голдстајн, професор по организациска психологија на Универзитетот во Утрехт.
Што ги мотивира луѓето да гледаат хорори:
- Гадливите сцени. Ова се главно гледачи кои немаат развиено емпатија, во потрага се по возбудувања, а мажите од оваа категорија често се поистоветуваат со главниот негативец во филмот.
- Возбудата. Во оваа група спаѓаат гледачи кои имаат силно развиена емпатија, бараат нови возбудувања, а се идентификуваат главно со жртвите и уживаат во напнатоста која ја пружа хоророт.
- Објективно гледање. Гледачите од оваа група имаат развиено емпатија за жртвите и тежнеат кон позитивно влијание врз расположението од гледањето на филмот, благодарение на совладаниот страв.
- Решавањето проблеми. Гледачите сочувствуваат со жртвите, но главно се окарактеризирани негатвно затоа што во текот на гледањето чувствуваат дека немаат контрола над дејството во филмот.
Во продолжение, погледнете сцени од некои од најстрашните хорор филмови.