Постојат неколку причини зошто никогаш не треба да убиете пајак што го гледате во вашиот дом.
Треба да се запомни дека повеќето од нив воопшто не се опасни, а некои јадат штетници и инсекти кои пренесуваат болести, меѓу кои се и комарците. Во Африка постои и еден вид пајак, наречен скокачки пајак, кој јаде само комарци полни со крв.
Се разбира, другите видови јадат и лебарки, молци, итн. Значи, пајаците се корисни затоа што можат да придонесат за заштита на нашето здравје.
Истражувањето објавено во списанието The Science of Nature покажува дека сите пајаци во светот јадат помеѓу 400 и 800 тони инсекти и други мали животни годишно.
Неодамна е докажано дека пајаците играат важна улога во екосистемот. Имено, научникот Мартин Нифелер изјави дека пајаците глобално се важни за намалување на бројот на инсекти и одржување на природната рамнотежа.
Во народната медицина се користеле пајакови мрежи за заздравување на раните и за намалување на крварењето. Современата медицина открива дека пајаковите мрежи се богати со антисептик вебицилин и витамин К, кој игра важна улога во згрутчувањето на крвта. Дури се користи во некои земји за лекување на срцева аритмија и Алцхајмерова болест.
Се разбира, сосема е природно некои луѓе да се плашат од пајаци, но и покрај тоа, не треба да им наштетувате. Најдобро е да го фатите во некакво кутивче и да го пуштите назад во природата.