Една изрека вели: “Да се вежба без водa е како да се патува без гориво”.
Дека е точна изреката покажуваат бројни истражувања. Телото треба редовно да се хидрира пред и за време на вежбањето, но и после вежбањето. Експертите објаснуваат зошто е тоа толку битно.
Хидратацијата ја одредува ефективностa
Истражувањата откриваат дека дехидрираноста за време на вежбањето може да ја намали јачината за 2 %, силата за 3 %, а издржливоста за дури 10 %. Правило е да се испие барем 250 мл вода 30 минути пред да почнете да вежбате.
Водата е најдобриот пријател
Многумина одбираат спортски напитоци богати со електролити или протеински шејкови, но експертите сметаат дека водата е она што на телото му е потребно при вежбање.
Всушност, телото се состои од 50 % вода која помага при регулирање на температурата и циркулацијата. За време на телесните вежби нормално е да се осети блага дехидрираност, бидејќи телото со потење исфрла течност, и затоа водата треба да ви е секогаш на дофат.
Заради тоа добро е да се набави термос кој ќе ја одржува водата ладна. Научниците велат дека ладната вода значително го одложува покачувањето на телесната температура. Исто така, значително ја намалува телесната температура при телесни вежби и ја зголемува издржливоста.
Течноста значи брзо закрепнување
После физичките вежби важно е да ја надополниме изгубената течност од телото. Со пиење на вода се намалува брзината на отчукувања на срцето и се регулира телесната температура.
После вежбањето течноста и понатаму се губи со потење и мокрење, па затоа е потребно да се внесе минимално 250 мл вода во временски период од 30 минути по завршувањето на тренингот.