Појавата на гризење на усните додека ја слушате вашата омилена песна или додека танцување на песна што ви се допаѓа е сосема нормална. Тоа се случува затоа што ја чувствувате музиката.
Усните се преполни со нерви и благата болка што ја чувствуваме додека ги гриземе поттикнува лачење на ендорфин, хормонот што предизвикува убави емоции.
Друго објаснување за оваа појава е и тоа дека гризењето на усните е фацијална експресија што ја забележуваме кај голем број на музичари, а се појавува од истата причина поради која луѓето прават гримаси додека доживуваат оргазам или кога нешто ќе ги заболи. Сето тоа е начин на кој покажуваме како се чувствуваме.
Со гризењето на усните праќате сигнал дека сте добро расположени, а тоа може да поттикне и луѓето околу вас да се чувствуваат поубаво.