ЗОО Скопје со апел до сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната акција

 

Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал, боледува од акутна нелимфобластна леукемија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе е во Загреб. Потребно е да соберат 140 000 евра за лекувањето. Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10.). Од 09:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.
Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона! ♥

Броеви за донации:
Телеком 143 424
А1 143 460

 

 

Забрането е копирање на текстот!