Ако не сте сигурни дали е време за уште едно бебе, треба да знаете дека не постои совршено време за принова во семејството ниту совршена разлика меѓу децата.
Меѓутоа, семејната и финансиската ситуација игра голема улога во оваа одлука, па знаете дека сте подготвени за уште едно дете ако постојано размислувате за тоа и често разговарате со партнерот на таа тема.
Исто така, важно е да утврдите дали постарото дете сака брат или сестра и да направите план како тоа да не се чувствува запоставено во целиот тој процес. Ако сте завршиле со овие прашања, сопругот и детето се сложуваат, заедно подгответе го теренот за новото бебе да биде што подобро пречекано.
Некои жени бременоста ја поднесуваат многу лесно, а други потешко. Некои по породувањето сами на себе си ветуваат дека никогаш повеќе нема да се пораѓаат и да поминуваат низ целата мака низ која поминуваат трудниците. Меѓутоа, ако сте ги заборавиле сите овие проблеми и мислите дека сте спремни уште еднаш да се обидете во улога на трудница и мајка, тогаш е време за уште едно бебе.
Како децата растат, така сè помалку им требаат родителите, а сè повеќе сами си наоѓаат занимација. Доколку сте сфатиле дека сте премногу слободни и вашето дете не ве влече постојано за ракав, можеби е време да почнете да размислувате за уште едно бебе и новите предизвици кои ќе ги донесе бременоста.