Знаете ли колку калории може да се потрошат со 60 минути пливање?

 

Пливањето е една од омилените летни активности, која не би требало да ја заобиколувате и во зимскиот период, доколку имате услови.

“Пливањето е еден од најдобрите спортови. Помага во согорување на маснотиите, намалување на тежината, развивање на мускулите и подобрување на општото здравје. Одлично е за активно опоравување и превенција од повреди”, вели Рошел Бакстер, тренер и тријатлонец, притоа додавајќи неколку детали за тоа зошто не треба да се откажуваме од оваа активност.

“Секојпат кога замавнувате со рацете додека пливате, водата која е погуста од воздухот му прави отпор на вашето тело. Тоа ги гради мускулите и согорува многу калории. Се смета дека лице со 65 килограми може да согори 223 калории за еден час пливање. Ако пливате со средна брзина, тогаш може да се согорат 528 калории, а ако пливате со техниката пеперутка, согорувањето достигнува дури 878 калории”, истакнува Бакстер.

 

 

Колку за споредба, со еден час трчање се согоруваат 446 калории, а со возење велосипед 477 калории.

Колку, всушност, калории ќе согорите, зависи и од неколку други параметри во равенката.

“Некој кој има повеќе килограми ќе потроши и повеќе калории од оној што има помала килажа. Тоа е затоа што е потребно повеќе енергија да се придвижи телото со поголема маса, отколку телото со помала маса. Поголемото тело ќе создаде и поголем отпор во водата од помалото тело”, објаснува Бакстер.

 

Копирањето на содржината е забрането!