Знаете ли зошто кучињата имаат опашка?

 

Дека кучињата преку опашката комуницираат е добро позната информација, но комуникацијата не е основната намена на опашките.

Кучето со опашката ја одржува рамнотежата, најмногу кога при трчање треба нагло да го смени правецот на движење.

Кога кучињата нагло го менуваат правецот на движење предниот дел од нивното тело се врти во саканиот правец, а задниот останува во претходната позиција. Тоа прилично ги успорува, а може да доведе и до превртување и паѓање. Тоа би се случило доколку кучињата немаат опашка. Исто така, кучињата ја користат опашката кога се движат по тесни елементи, патеки, гранки или даски.

Освен за комуникација и одржување на рамнотежа, опашката кај кучињата се користи и за распрскување на сопствениот мирис по околината. Тој мирис се нарекува феромон и доаѓа од аналните жлезди што се наоѓаат веднаш под опашката. Секое куче има сопствен мирис и преку него комуницира со останатите животни и разменува информации.

 

Копирањето на содржината е забрането!