Фестивалот „Summerland”кој секојдневно се одржува во Градски парк, и овој викенд нуди забавна програма за сите возрасти. За најмалите, од 19:00 вечерва ќе настапат „Златно славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор. Во 21:00, во летното кино, посетителите ќе можат да го погледнат македонскиот филм „Џган“. Утре од 22:00, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а во недела, македонските рапери 2 Бона и Диџеј Че.
Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етногрупата Љубојна.