Select Page

Златна арена за режија на Теона Стругар Митевска

Златна арена за режија на Теона Стругар Митевска
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, на штотуку завршениот 62. Филмски фестивал во Пула ја доби Златната арена за најдобра режија.
Петчленото жири едногласно ѝ ја додели оваа награда на Митевска, образложувајќи дека прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот”.
Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува. „Петрунија” продолжува во месец јули со својот фестивалски живот, присутна на девет фестивали низ целиот свет. По Пула, „Петрунија” го отвори Филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.