Потребни состојки:
350 г макарони
220 г сварена (или од конзерва) пченка
1 кромид исечкан ситно
160 г туна од конзерва
5-6 гранчиња исечкан магдонос
6 кисели краставички исечкани на тркалца
3 лажици лимонов сок
4 чери домати
4 лажици масло (маслиново или друго по желба)
сол по вкус
Начин на подготовка:
- Сварените макарони ставете ги во голем сад заедно со кромидот, пченката, киселите краставички и магдоносот.
- Додајте ја туната, потоа лимоновиот сок, маслото и сол по желба. Измешајте ги полека сите состојки и салатата е спремна за сервирање.
- За побогат вкус, ако сакате, може да додадете и малку мајонез.
На здравје!