Гастрономија

Здрава домашна гранола

 

Потребни состојки:

масло за подмачкување

1/2 чаша грубо исечкани бадеми

1/2 чаша грубо исечкано суво овошје по ваш вкус (цреши, грозје, вишни, кајсии…)

1/2 лажичка цимет

4 чаши овесни снегулки

1/2 чаша крупно исечкани ореви

1/2 чаша кокосови снегулки

прстофат сол

1/4 чаша мед

1/2 чаша светлокафеав шеќер

1/3 чаша зејтин

1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 160 степени Целзиусови. Голема тепсија обложете со хартија за печење и намачкајте ја хартијата со тенок слој зејтин.
  2. Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки, бадемите, оревите, сувото овошје, кокосот, циметот и солта, и тргнете ги на страна.
  3. Во тавче на шпорет, на средна температура ставете ги зејтинот, медот и шеќерот, измешајте ги и откако смесата ќе зоврие тргнете ја од рингла и додајте ја ванилата. Измешајте сè да се соедини. Со овој сируп полејте ја мешавината со овес и измешајте со дрвена лажица да се покрие целосно.
  4. Гранолата префрлете ја во тепсијата за печење и распоредете ја подеднакво да се израмни. Печете ја околу 25 минути, додека да добие златножолта боја, со повремено мешање.
  5. Откако целосно ќе се олади, искршете ја гранолата на ситни парчиња и чувајте ја во тегла или во сад со херметичко затворање. Сувата гранола можете да ја грицкате за ужинка или да ја помешате со млеко/јогурт за појадок или за вечера.

На здравје!

 

Слични написи

Брзи крцкави печени компири со палента

Biba

Динстани тиквички со кромид

Biba

Шеќерни колачиња

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.