Наутро после будење или попладне кога концентрацијата почнува да ни паѓа, обично посегнуваме по кафето.
Ако кофеинот е неизоставен дел од вашето секојдневие, можете од време на време да го зачините вашето кафе со чоколадо и да се напиете мока или мокачино.
Американски научници утврдиле дека комбинацијата на какао од чоколадото и кофеин од кафето мока, ја зголемува концентрацијата и будноста додека истовремено го намалува нивото на анксиозност.
Овие две состојки одлично се надополнуваат, затоа што кафето го зголемува дејството на чоколадото.