Забава Избор на уредникот

За што сè може да се користи брашното, освен за готвење?

 

Генерално, брашното го користиме за јадење, но тоа е продукт што може да има и друга примена во домот.

Брашното е корисно да го имате при рака додека чистите, бидејќи има способност да впива маснотии, а со тоа лесно ќе го средите нередот во кујната.

Освен тоа, може да се користи и за суво миење на косата, за впивање на маснотијата која се собира на темето. Едноставно нанесете брашно во делот на темето, со четка за шминкање протријте го и оставете го триесетина минути да делува. Потоа само истресете го и исчешлајте ја косата.

Многу домаќинства имаат проблем со мравки во домот и користат сол за да ги истераат. Брашното е уште еден продукт што може да се користи за елиминирање на мравките. На местата каде што се појавуваат посипете брашно и ќе забележите дека ќе почнат да исчезнуваат.

Брашното може да се користи и како забава. Во комбинација со масло за нега на кожа на бебиња може да се добие материјал кој може да се моделира, со кој децата можат да се занимаваат со часови.

 

Можеби ќе ве интересира

Несекојдневниот хотел Skylodge Adventure Suits

admin

Загадениот воздух предизвикува предвремено породување

Biba

Најголемиот затворен водопад на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.