Речиси нема луѓе кои не уживаат во вкусните, чоколадни десерти, но не секој има доволно време да подготви домашни колачи за своето семејство. Најдовме едноставен и вкусен рецепт за чоколадна торта која ќе биде готова за 5 минути, а потребни ви се само шест состојки. И можете да го подготвите ова дури и ако не сте одличен готвач.
Потребни состојки:
220 г мазно брашно тип 400
85 г какао во прав
150 г шеќер
3 лажички прашок за печиво (1 ќесичка)
130 г растително масло или стопен путер
550 г топла вода
Начин на подготовка:
1. Брашното и какаото просејте ги за да немаат грутчиња. Додајте ги шеќерот и прашокот за печиво и измешајте.
2. Додајте ги маслото, путерот и водата и измешајте со миксер да добиете хомогена смеса. Смесата сипете ја во огноотпорен сад премачкан со путер и посипан со брашно, за да не се залепи. Испечете ја во рерна на 160 степени Целзиусови. На половина од печењето протресете ја малку тавата за да се испече изедначено.
3. Кога ќе се олади, прелијте го колачето со стопено чоколадо. Сервирајте го со свежо овошје или шлаг.
На здравје!