Психологија

За да се чувствувате подобро, треба да престанете да се жалите

 

Според резултатите од студијата направена на Универзитетот Мисури, луѓето кои со пријателите зборуваат за своите проблеми и интензивно се жалат од својот живот, изложени се на поголем ризик за развивање на анксиозност и депресија.

Психолозите од Универзитетот Мисури тврдат дека луѓето кои постојано се жалат и кои со другите ги анализираат своите проблеми, често страдаат од поголем ризик за развивање на депресија и анксиозност.

“Во некои културни опкружувања постои верување дека разговарањето за проблемите помага тие да се надминат. Ова тврдење во одредена мера е точно. Меѓутоа, ако жалењето и разговорите за проблемите станат секојдневни, тогаш се зголемува ризикот за депресија”, вели авторот на студијата, Аманда Роуз.

Таа нагласува дека жените се посклони кон жалење, додека пак мажите ретко зборуваат за своите проблеми, особено ако се од љубовна природа. “Единствена позитивна работа која произлегува од разговарањето за проблемите е тоа што луѓето остваруваат поцврсти пријателства и интензивна поврзаност со оние со кои разговараат”, нагласува Роуз.

 

 

Слични написи

Можат ли коликите кај бебето да предвидат проблеми со менталното здравје понатаму

Biba

Сакате ли да озборувате?

Biba

„Не сакав да го завршам животот, сакав само да прекине болката…“ 

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.