Спорт

Започна 26-тото Светско ракометно првенство со победа на Германија над обединетиот тим на Северна и Јужна Кореја

Започна 26-тото Светско ракометно првенство со победа на репрезентацијата на Германија над обединетиот тим на Северна и Јужна Кореја со резултат 30:19.

Светското првенство ќе се игра во Германија и Данска во периодот од 10-27 јануари.

Специфично за ова Светско првенство е тоа што за прв пат Северна и Јужна Кореја имаат заеднички тим.

Германците во првиот натпревар од првенството одиграа одлично. Понесени од поддршката од трибините и големата желба да дојдат до сигурна предност за понатаму, имаа серија од 3 гола. На полувреме двете екипи заминаа со резултат од 17:10. Дека Германците нема да имаат проблеми беше јасно уште на самиот почеток од второто полувреме кога имаа серија од 4 гола и постигнаа огромна разлика од 11 гола кои ги зачуваа до крајот на натпреварот.

За репрезентацијата на Германија најмногу голови постигна Геншмаер (7), додека за Кореја по 4 погодоци имаа Тан Канг и Донг-Хин Парк.

Можеби ќе ве интересира

Причината поради која Герет Бејл не е миленик на Мадрид

Biba

Шесте предизвици на Лионел Меси

Biba

Рома заработи казна поради дискриминирачкото навивање против Наполи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.