Технологија

Започна продажбата на Huawei Watch GT 2 во нашата земја

 

Новата  46 мм верзија на Watch GT на Huawei стана достапна и во Македонија, и истата се нуди со два дизајни – целосно црн и класичен со кафеав ремен од еко-кожа. Новиот модел е со силно надградени технички карактеристики и одлики на веќе познатите Huawei Watch GT и истиот се продава по исклучително привлечна препорачана цена за крајниот корисник од 13.999 денари. Новата верзија може да се најде во малопродажните ланци на Нептун и Сетек – Сѐ од Техника.

За прв пат во Македонија Huawei воведе и 42 мм женска верзија на Watch GT 2 која може да се најде во исклучително елегантна верзија на „рафинирано злато“ и класична – со еко-кожа во топла беж боја. Продажбата на класичната женска верзија ќе започне во декември, по предложена цена од 12.999 денари.

Huawei Watch GT 2 е базиран на првиот специјализиран чипсет на компанијата – Kirin А1. Чипот работи со многу мала потрошувачка на енергија и дава непобедливо траење на батеријата – 2 недели за машкиот и 1 недела за женскиот модел при нормална употреба. Новиот Huawei Watch GT 2 е сигурен партнер во 15 спортови, вклучително и осум на отворено – трчање, одење, качување, планинарење, возење велосипед, пливање на отворено, триатлон и за седум во затворени простории – одење, трчање, возење велосипед, затворено пливање, слободни тренинзи, крос-симулатор и машина за веслање. Поддржува сателитски системи GPS и GLONASS, што е гаранција за правилно позиционирање за време на тренингот и правилно мерење на растојанието.

Клучно за паметниот часовник е функцијата Huawei TruSeen за точно и ефикасно мерење на срцевата фреквенција. Во комбинација со исклучителниот паметен алгоритам, функцијата ги следи отчукувањата на срцето во текот на денот дури и за време на спиењето, и обезбедува вредни предупредувања при откривање на атипични вредности на кои препорачува да се обрне внимание. Часовникот е исто така вреден партнер во следењето на нивото на стрес и квалитетот на спиењето – две работи кои се исклучително важни и за обновување на телото по спортување и по напорен работен ден.

 

 

Сосема ново за моделот е присуството на вградена меморија за чување и репродукција на музика директно од часовникот, далеку од паметниот телефон. Верзијата од 46 мм која е сега на продажба, има вграден микрофон и звучник, и поддржува Bluetooth повик.

И двата модели се со софистициран дизајн на 3D стакло што ги прави и вреден асистент во модерниот животен стил и стилски додаток во различни сценарија – спортски, деловни или при гламурозни забави. Екстремно лесниот механизам за промена на ременот овозможува намена во различни ситуации, при што верзијата од 46 мм е исто така компатибилна со претходните отстранливи ремени на часовникот Watch во портокалова и зелена боја.

 

Можеби ќе ве интересира

Нова опција на Твитер

Biba

Huawei официјално го претстави Y7 Pro 2019

Biba

Мајкрософт со Андромеда влегува во битката на телефони со екрани на преклоп

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.