Потребни состојки:
400 г мелени бисквити
80 г несолен путер, стопен и оладен
1 чаша (90 г) кокосови снегулки
прстофат сол
1,5 л сладолед од карамел
400 г карамел
200 г исечкано темно чоколадо
300 мл неутрална павлака
60 мл сончогледово масло
Начин на подготовка:
- Путерот, кокосот и солта ставете ги во мелените бисквити и измешајте ги во процесор за храна да се соединат сите состојки. Кога ќе добиете изедначена смеса ставете ја во подмачкано тавче обложено со хартија за печење. Измазнете ја горната површина.
- Врз смесата нанесете го сладоледот и распоредете го подеднакво, а врз сладоледот намачкајте го карамелот. Измазнете убаво и ставете го тавчето во замрзнувач најмалку 1 час, за да се стегне десертот.
- Слатката павлака загревајте ја полека на средна температура додека да се сврели, но да не зоврие. Сипете ја врз исечканото темно чоколадо и мешајте додека да се стопи и изедначи. Потоа додајте го полека маслото и истовремено мешајте. Добиениот крем оставете го малку да се олади, па прелијте го врз смрзнатото колаче и измазнете. Замрзнете го преку ноќ или додека да се стегне.
- Извадете го од замрзнувач 20 минути пред сервирање. Со топол нож исечете го десертот на парчиња и послужете го веднаш.
На здравје!