Залчиња од тиквици и фета

 

Потребни состојки:

1 главица кромид, ситно исечкана

2-3 тиквички, изрендани крупно

1/3 чаша фета

3/4 чаша брашно

1/4 лажичка ситно сечкан копар

1/4 лажичка ситно сечкан магдонос

1/4 лажичка оригано

1/4 чаша маслиново масло (за пржење)

сол и бибер по вкус

Начин на подготовкa:

  1. Тиквиците изрендајте ги и оставете ги во цедалка минимум три часа да се исцедат од течноста (најдобро преку ноќ).
  2. Сите состојки (освен брашното и маслото) измешајте ги заедно и направете еднолична смеса.
  3. Од смесата формирајте топчиња со големина на пинг-понг топче или поголеми, валкајте ги во брашното и пржете ги во маслиновото масло загреано на умерена температура. При пржењето вртете ги топчињата за да се испржат од сите страни. На почеток ќе бидат ровки, но како што се пржат така ќе стануваат поцврсти.
  4. Кога ќе добијат златно-кафеава боја извадете ги на хартиени салфети да се исцеди вишокот на масло.
  5. Ќофтињата сервирајте ги со ѕаѕики сос како мезе или како прилог на јадење со месо.

На здравје!

 

Забрането е копирање на текстот!