Select Page

Заедничкиот живот пред брак има предности, но и маани

Заедничкиот живот пред брак има предности, но и маани

Му се допаѓало тоа некому или не, повеќето парови денес сè повеќе избираат да живеат заедно пред брак. Додека некои експерти го поддржуваат овој тренд опишувајќи го како корисен чекор пред да го кажат судбоносното „да“, тоа може, од друга страна, да има негативно влијание врз сексуалниот живот.

Студијата објавена во списанието „Sex Research“ открила дека паровите кои живееле заедно пред брак ретко воделе љубов уште во првата година од бракот и покажале помала стапка на сексуално задоволство од паровите кои започнале да се дружат само по брак, пренесува Инсајдер.

Студија на 113 хетеросексуални парови ги набљудувала стапките на сексуално задоволство во текот на првите четири години од бракот. Истражувачите опфатиле фактори кои можат да влијаат врз сексуалниот живот на двојката, како што се живеењето заедно или имањето деца пред да стапат во брак. Паровите кои учествувале во оваа анкета биле во просек во доцните дваесетти години, а нивната етничка припадност варирала.

Покрај тоа што откриле дека паровите кои живееле заедно пред брак во првата година од бракот имале помала веројатност да уживаат во сексот, исто така, откриено е и дека подолгото запознавање имало негативен ефект врз сексот во првата година од бракот. Од друга страна, децата не влијаеле значително врз сексуалниот живот на парот.

Разликата во зачестеноста на сексот помеѓу луѓето кои биле во врска подолго време и оние кои биле во врска пократко, исчезнува по четири години брак.

Според авторите на ова истражување, потребни се понатамошни истражувања за подобро да се разбере како се менува сексуалниот однос на парот во првите неколку години од бракот и како овие промени можат да доведат до евентуален развод.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.