Жолта торта

 

Потребни состојки:

Пандишпан:

2 чаши брашно

1 лажичка прашок за печиво

1 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

1 1/2 чаша шеќер

230 г путер на собна температура

2 јајца на собна температура

2 жолчки на собна температура

1 лажица лимонов сок

1 чаша млеко на собна температура

Фил:

120 г путер на собна температура

300 г шеќер во прав, просејан низ сито

75 г какао

60 мл млеко

1/2 лажичка екстракт од ванила

прстофат сол

Начин на подготовка:

Пандишпан:

  1. Во голем длабок сад изматете го путерот со шеќерот, да станат како крем. Потоа додавајте ги едно по едно јајцата и жолчките, со матење после секое јајце. Додајте го екстрактот од ванила и измешајте.
  2. Брашното, прашокот за печиво, содата и солта просејте ги низ сито и ставете ги на страна.
  3. Лимоновиот сок ставете го во чаша и дополнете ја чашата со млеко. Измешајте и оставете ги пет минути за лимонот да почне да реагира со млекото.
  4. Во садот со изматените путер и јајца додавајте по малку наизменично од сувите состојки и од млекото со лимон. Убаво измешајте ја смесата за да се соединат сите состојки и смесата да стане пенеста. Оставете го садот на страна да стои околу пет минути.
  5. Потоа во два кружни калапи за печење (од 22 см) намастени и набрашнети за да не се лепат, сипете го тестото подеднакво во двата и измазнете го одозгора. Печете ги во рерна загреана на 160 степени Целзиусови околу 35 минути или додека тестот со чепкалка да покаже дека се печени. По печењето оставете ги целосно да се оладат.

Филување:

  1. Во длабок сад изматете го путерот со шеќерот и какаото, да добиете зрнеста мешавина.
  2. Додајте ги млекото, ванилата и солта, и матете додека филот да стане како крем. Ако мислите дека смесата е премногу густа, со матење додајте многу малку млеко, но не премногу затоа што омекнува кога ќе се намачка на пандишпанот.
  3. Ако сакате побогато филувана торта, направете уште половина доза од филот.
  4. Исфилувајте го одозгора едниот пандишпан, ставете го врз него другиот и исфилувајте го и него. Потоа со филот намачкајте ја тортата од сите страни.

На здравје!

 

Забрането е копирање на текстот!