Манчестер Сити агресивно почна да го подготвува тимот за следната сезона, а прва најавена трансакција е преземање на Жоао Феликс од Бенфика.
Според британските медиуми, за ова задоволство Манчестер Сити треба да ѝ плати откупна клаузула на Бенфика од дури 120 милиони евра.
Сити и порано имале бизнис-релации со Бенфика, кога ги земаа голманот Едерсон и крилниот напаѓач Бернардо Силва.
На овој чекор се очекува одговор и од Реал Мадрид, кој порано за Феникс на Бенфика ѝ понуди 90 милиони евра. Дали ќе ја надминат сумата што е понудена од Манчестер Сити?
Останува да видиме.