Жените го ризикуваат здравјето на стапалата заради мода

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Четири од десет жени купуваат чевли и тогаш кога знаат дека тие нема да им одговараат, покажува анкета во која учествувале 2000 испитаници.

Според анкетата, 37% од испитаниците (и мажи и жени) носат неудобни обувки, само заради тоа што тој тип на чевли се моментално модерни, а 17% од мажите признаваат дека купуваат чевли со погрешен број.

И покрај тоа што 80% од жените признаваат дека имаат проблеми со стапалата – со плускавци или враснати нокти – само четири од десет мажи и жени кои учествувале во анкетата, одговориле дека побарале медицинска помош.

Лорејн Џонс од британското Друштво на ортопеди кои го спровеле ова истражување, вели: “Многумина од нас не можат да ѝ одолеат на најновата мода, но многу е важно да се запомни дека купувањето чевли кои не му одговараат на стапалото не е добро за здравјето”.

Најважно од сè, ако стапалата ве болат – тоа е знак дека нешто не е во ред. Иако високите потпетици можат да направат проблеми, едни од најлошите обувки се влечките, затоа што го стапалото лизга кон напред гмечејќи ги ножните прсти.

Џонс вели дека многу луѓе секој ден носат погрешен број на чевли, а за тоа не се воопшто свесни. Поголемиот број жители на Велика Британија има проблеми со стапалата во одреден период од животот. Повеќето од нив се мали проблеми, но има и такви кои предизвикуваат огромни болки.

Важно е да се носат обувки со правилна големина и да се има посебни обувки за секоја активност. Тоа не значи дека жените не смеат да носат чевли со високи потпетици, туку дека стапалата мора понекогаш и да ги одмориме, но и да одиме на медицински преглед ако осеќаме болка во стапалата.