Психологија

Ефектот на Омега-3 масните киселини при лекување на анксиозноста

Анксиозноста се манифестира со чувство на загриженост, напнатост, немир, страв или паника. Лицата кои страдаат од анксиозност често имаат напади на паника, и понекогаш имаат проблем со извршување на дневните активност. Постојат многу фармацевтски лекови кои се користат за ублажување на оваа состојба, но некои од нив имаат и нус појави. Потребата за едноставно и сигурно решение на оваа состојба, ги натера научниците да се зафатат со тестирање на делотворноста на Омега-3 масните киселини.

Веќе е познато дека делуваат позитивно на кардиоваскуларниот систем, ги подобруваат когнитивните способности кај децата и ги намалуваат воспаленијата.

Во претходни истражувања е докажано дека Омега-3 киселините се неопходни за биохемиско функционирање на мозокот кај возрасните. Тие се составен ден на нервните мембрани, а нивното намалување може да доведе до бихејвиорални нарушувања, деменција и анксиозност.

Научниците под водство на професорот Куан-Пин Су од Тајван и Јутака Матсуока од Јапонија подетално ја проучиле постоечката литература и спровеле мета анализа. Иако резултатите биле хетерогени, дојдено е до заклучок дека Омега-3 масните киселини довеле до значително намалување на анксиозноста.

Научниците проучувале 19 студии во кои учествувале повеќе од 1203 испитаници. Ги земале во предвид и студиите во кои се проучувал и плацебо ефектот. Во 14 студии се покажало дека Омега-3 киселините покажале директна врска со намалувањето на симптомите на анксиозност. Се препорачува дневна доза од 2000 милиграми и повеќе.

Секако, научниците нагласуваат дека сè уште не можат да ги препорачаат Омега-3 масните киселини како главен лек во лечење на анксиозноста, бидејќи се потребни додатни истражувања.

“Меѓутоа, ако кај некои пациенти не помага традиционалното лечење со антидепресиви или психотерапија, тогаш лечењето со Омега-3 масни киселини е алтернатива која ветува” изјавуваат научниците.

Слични написи

Шефувањето може да има сериозни психофизички последици

Biba

Честото досадување може да ви го скрати животот

Biba

На кој начин особините на личноста влијаат на вашето здравје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.