Здравје

Ефектите на куркумата врз здравјето

Куркумата се смета за супер продукт која има значителни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Куркумата е ефикасна против главоболки и се препорачува како вид на третман, особено за луѓето кои страдаат од мигрена.

Луѓето кои имаат проблеми со акни треба да користат маски од куркума. Куркумата има антибактериски и антиинфламаторни својства, па затоа маските ќе помогнат во борбата против постојаните акни.  

Куркумата може да помогне во запирање на растот на клетките на туморот и да служи за детоксификација на организмот.

Истражувањата покажаа дека куркумата им помага на пациентите со дијабетес тип 2 имајќи антиинфламаторни својства и регулирајќи го нивото на шеќер во крвта.

Куркумата содржи куркумин кој помага во борбата против разни вируси, вклучувајќи херпес и грип.

Истражувањата покажаа дека куркумата може да ги ублажи симптомите на синдром на нервозно дебело црево со ублажување на болката во стомакот.

За време на студијата што следеше три менструални циклуси кај жени, беше откриено дека куркуминот ги ублажува симптомите на ПМС.

Куркумата може да го намали нивото на лош ЛДЛ холестерол и да го зголеми нивото на добар ХЛД холестерол, што е особено важно за срцето и кардиоваскуларниот систем.

Куркумата исто така покажува ветувачки резултати во ублажување на болката во зглобовите, вкочанетост и борба против артритисот.

Можеби ќе ве интересира

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Утврдено е зашто светлината ја влошува мигрената

Biba

Полови болести можат да се добијат и без секс

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.