Гастрономија

Есенска супа од тиква

Тиквата е многу богата со витамини и минерали како провитамин А, витамини од групата Б и калиум. Таа е еден од симболите на есента, па зошто да не ја искористите можноста за вистински есенски оброк како супа од тиква.
Покрај тоа, тиквата има многу ниска калориска вредност, околу 30 калории на 100 грама, а воедно е и многу хранлива.

Потребни состојки:

1 тиква
1 поголем морков
1 голема главица црвен кромид
1 чешне лук
маслиново масло
зачини (сол, бибер, рузмарин)
павлака за готвење
вода

Начин на подготовка:

  1. Исечете ја тиквата на половина и извадете ги семките. Потоа направете вкрстени линии на секоја половина.
  2. Излупете ги морковот и црвениот кромид. Лукот не мора да го лупите, доволно е да го исечете горниот дел за полесно да се исцеди по печењето. Сè заедно ставете во тавче обложено со хартија за печење. Посипете со маслиново масло и додајте ги зачините.
  3. Печете во рерна загреана на 220 степени и околу 40 минути или додека да омекне тиквата. Потоа излупете ја тиквата и заедно со останатите состојки ставете ја во поголемо тенџере.
  4. Додајте вода и павлака за готвење, па со рачен миксер изблендајте сè до саканата текстура. Вака подготвената чорба ставете ја да проврие до посакуваната густина и сервирајте ја додека е топла.

На здравје!

Слични написи

Рецепт за домашен мајонез

Biba

Дали смее да се замрзнува варен ориз?

dart

Како да го исечете кромидот без солзи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.