Американската актерка Ен Хатавеј официјално стана една од оние што имаат своја ѕвезда на “патеката на славните” во Холивуд.
На церемонијата на поставување на ѕвездата дојде со своите родители, сопругот и со својата пријателка – австралиската актерка Ребел Вилсон, со која настапува во новиот филм “The Hustle”.
На говорот на церемонијата таа им се заблагодари на своите фанови и на луѓето кои со децении се во нејзиниот живот и со тоа ја прават среќна и весела.