Потребни состојки:
170 г грубо насечкани житарки (на пр. овесни снегулки)
60 г пржени лешници или бадеми
15 г пченично брашно
40 г кафеав шеќер или мед
40 г суво грозје или суво овошје по ваш избор
2 белки
1 прстофат сол
Подготовка:
- Рерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови, калапот за печење покријте го со алуминиумска фолија која ќе ја премачкате со масло и ќе ја посипете со брашно (колку е подлабок калапот, толку подолго ќе трае печењето).
- Во сад помешајте ги житарките, лешниците, сувото овошје и брашното.
- Во друг сад изматете ги белките со шеќерот и со солта, па истурете ги во садот со житарките. Добро измешајте ја смесата и распоредете ја рамно во калапот за печење. Печете додека тестото не стане суво на допир, околу 40-45 минути. Оставете го потполно да се олади, па пресечете го во форма на правоаголни плочки и послужете го.
Наместо состојките наведени во рецептот, житните плочки можете да ги правите и со комбинација од други состојки, на пр: корнфлејкс, екструдиран ориз, индиски ореви, ливчиња кокос, кикирики, ф’стаци, ореви, семки од тиква, парченца чоколадо и др.
На здравје!