Во 1960 година снимен е легендарниот филм за дадилката со име Мери Попинс. Тој филм ги освои срцата на милиони во тој период од минатиот век.
За повторно да ја оживее приказната за волшебната дадилка, продукцијата Дизни го сними продолжението со наслов Мери Попинс се враќа.
Бајката за новиот филм, односно мјузикл за дадилката, е сместен во сегашноста, но приказната сè уште е базирана на приказните на британската писателка Памела Лајдон Траверс. Некои претпоставуваат дека Траверс била во врска со Волт Дизни, што било причината за екранизација на нејзините книги.
Главната улога во римејкот на филмскиот класик е доделена на британската актерка Емили Блант, а останатата актерска екипа ја сочинуваат Анџела Ленсбери, Мерил Стрип, Бен Вишо, Колин Фирт, Џули Волтерс и други.
Режијата е на Роб Маршал, а сценариото на Дејвид Меги.
Премиерата на овој фантастичен мјузикл е закажана за 19 декември во САД, а неколку дена подоцна тргнува и светската премиера.