Select Page

Елитните руски воени падобранци за првпат со скок од 10.000 метри

Елитните руски воени падобранци за првпат со скок од 10.000 метри

Руските воени падобранци ги вежбаат своите вештини во една од најекстремните средини на Земјата, ледената арктичка пустелија. Вежба од ваков вид, наводно, никогаш не била извршена. Руската командна единица има таканаречена операција за падобранство „ХАЛО“, а како дел од тоа, војниците скокаат од транспортниот авион од големи височини, изведувајќи слободен пад до разумна висина на која ги отвораат своите падобрани. Оваа активност е предизвикувачка сама по себе, но во новата вежба, падобранците се соочија со дополнителни ризици поради локацијата каде го направија скокот, пренесува Russia Today.

Островот Александар, познат и како Земја на Александрија, е остров кој лежи под 80-тата паралела. Рускиот заменик министер за одбрана Јунус-бег Евкуров изјави дека за прв пат во светската историја, руските падобранци направиле скок во група на Арктикот во оваа локација, од височина од 10.000 метри.

 

 

За време на скокот, војниците биле опремени со посебен систем на падобрани и опрема за кислород. Откако слетале на арктичката почва, направиле теренска вежба.

 

 

Според руското Министерство за одбрана, екстремниот скок на ХАЛО им овозможил на воздухопловните сили да испробаат нов систем на падобрани, вклучувајќи маски за дишење, опрема за навигација и други нови специјални алатки.

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.