Забава

Експресно разладете шише вино со помош на еден трик

За брзо да оладите шише вино потребно ви е само кујнска крпа и седум минути. Ова може да се направи и со кујнски хартиени бришачи, но влажната крпа се покажала како поефикасна. Доколку гостите ви дојдат на ручек во недела, а сте заборавиле да го разладите виното, овој трик ќе ви биде добредојден. Можете да го користите во која било друга пригода и за секое вино.     Сè што ви треба е кујнска крпа. Натопете ја добро со вода, но не ја стегајте. Поставете ја на површината и завиткајте го виното во неа. Ставете го шишето во крпата во замрзнувач 7 минути. Вашето вино е разладено и подготвено за сервирање, пишува Бизнис инсајдер, кој го спроведе овој експеримент.

Можеби ќе ве интересира

Trip Advisor ја обелодени листата на градови со најдобра храна

admin

Авторката на бестселерот “Fifty Shades of Gray” го најави својот нов роман

Biba

Италијанскиот произведувач на слатки Ferrero ја понуди најслатката работа на светот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.