Потребни состојки:
4 лажици брашно
1/8 лажичка прашок за печиво
1/16 лажичка сода бикарбона
1/8 лажичка сол
3 лажици млеко
1 лажица маслиново масло
1 лажица доматно пире или маринара сос
1 полна лажица рендан кашкавал
5-6 парчиња исечкана шунка или неколку тркалца колбас
1/2 лажичка оригано или босилек
Состојките се доволни за 1 лице.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад за едно сервирање измешајте ги брашното, солта, содата и прашокот за печиво.
- Додајте ги млекото и маслото и измешајте со лажица да добиете тесто.
- Врз тестото намачкајте го маринара сосот и врз него ставете го прво кашкавалот, па наредете ги тркалцата колбас и најодозгора додајте го ориганото.
- Садот ставете го во микробранова печка и зависно од нејзината јачина, печете ја пицата 1-2 минути (за 1200 W) или додека тестото да се подигне, а кашкавалот да се стопи и да почне да се запекува.
- Пицата послужете ја веднаш, додека е топла.
На здравје!