Технологија

Еколошки прифатлива технологија

Во понеделникот, во Германија тргна првиот воз со погон на водород.

Технологија што е поскапа, но еколошки далеку поприфатлива. Возот може да помине 1000 километри со еден резервоар на водород, што е слична автономија како и со дизел возовите.

Двата сини воза кои ги произведе француската компанија Алстом тргнаа на трасата долга сто километри помеѓу градовите Cuxhaven, Bremerhaven, Bremervörde и Buxtehude во северна Германија.

“Првиот светски воз на водород влегува во сериско производство” изјави Хенри Пупар-Лафарж, извршниот директор на Алстом на свеченоста пред поаѓањето на возот.

Алстом е произведувачот на француските TGV возови, и планира да испорача уште 14 возови со оваа технологија на германската покраина Долна Саксонија до 2023 година, но ако и останатите покраини во Германија изразат желба ќе произведат и нови.

Возовите се опремени со ќелии кои во комбинација на водород и кислород произведуваат струја со водена пареа како единствен нус производ. Вишокот на енергија се складира во литиум-јон батерии складирани во возот.

Алстом вложува во технологија која е позелена и потивка алтернатива на дизелските мотори, на неелектрифицираните пруги, што е привлечно за многу од германските градови кои се борат со загадувањето на воздухот.

И други земји пројавиле интерес за оваа технологија како Британија, Холандија, Данска, Норвешка, Италија и Канада.

Франција веќе се изјасни дека до 2022 година ќе има воз со оваа технологија на пругите.

 

Слични написи

Од следната година на Саемот за иновативни технолошки решенија ќе се наградуваат и секс-играчки

Biba

Flying-V, концепт кој ќе ја смени досегашната перцепција за патнички авион

Biba

Xiaomi и Leica Camera се договорија за партнерство

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.