Select Page

Еклер торта што не се пече

Еклер торта што не се пече

Потребни состојки:

450 г бисквити

2 пакетчиња пудинг од ванила

3 1/2 чаши млеко

250 мл слатка павлака

Глазура:

3 лажици какао

1 1/2 чаша шеќер во прав

3 лажици путер на собна температура

3 лажици топло млеко

Начин на подготовка:

  1. Пудингот и млекото сварете ги според упатството на ќесичката, потоа изматете ја слатката павлака и измешајте ја со оладениот пудинг.
  2. Тавчето намачкајте го со малку масло или со стопен путер за да не се лепат бисквитите за него. Наредете еден слој бисквити, врз нив ставете еден слој (половина) од смесата со пудинг. Потоа наредете уште еден слој бисквити, па врз нив втората половина од пудингот.
  3. Состојките за глазурата измешајте ги заедно да добиете мазна смеса и со неа прелијте го колачето. Ако ви е глазурата многу течна, додајте малку шеќер во прав, а ако мислите дека е многу густа, додајте уште малку млеко.
  4. Оставете го колачето преку ноќ да се стегне во фрижидер и следниот ден е спремно за сервирање.

На здравје!

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.