Потребни состојки:
1 лажица маслиново масло
1 главица кромид, ситно исечкана
3 големи чешниња лук, ситно исечкани
1400 г патлиџани, излупени и исечкани
1/2 чаша свеж босилек
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Во тенџере на средна температура загрејте го маслото. Во него ставете ги кромидот и лукот и динстајте ги неколку минути, додека да омекнат.
- Додајте ги патлиџаните и варете ги со повремено мешање додека да омекнат (околу десетина минути).
- Потоа тргнете го тенџерето од шпорет, додајте го босилекот, ставете сол и бибер по вкус, измешајте и изблендајте ја супата во блендер до посакуваната густина (може и директно во тенџерето со рачен блендер).
- Послужете ја супата додека е топла.
На здравје!