Потребни состојки:
400 г пилешки гради
200 г шампињони
1 чешне лук
50 мл масло
1 лажица густин
сол и зачини по желба
Начин на подготовка:
- Месото исечете го на парчиња и измешајте го со густинот, а шампињоните може да ги исечкате на тенки ливчиња или да ги оставите покрупни.
- Загрејте го маслото и испржете го месото во него. Во истото масло откако ќе го процедите и извадите месото, испржете ги и шампињоните.
- Потоа вратете го месото во истото тавче заедно со печурките, додајте ги лукот, солта и зачините по вкус. За побогат вкус може да ставите и едно лажиче ѓумбир. Измешајте ја добро целата содржина и послужете со прилог од варен ориз, тестенини или зеленчук, по сопствен избор.
На здравје!