Кој не сака миризливи и меки пешкири? Меѓутоа, повеќето од нас не знаат како правилно да ги исперат за да ја постигнат саканата мекост.
Има еден трик кој ќе ви го овозможи тоа.
Прво што треба да се направи е да се исперат пешкирите на соодветна температура со половина од потребниот детергент, но да не се центрифугираат на повеќе од 800 вртежи.
Потоа, се додава останатата половина од детергентот за перење во машината, како и половина шолја оцет и се повторува перењето, но на пократка програма.
Оваа метода прави вистински мал облак од вашите крпи.
Вишокот детергент за перење се собира на пешкирите и ги огрубува, а оцетот помага да се отстрани тој вишок, па пешкирите поради тоа на крајот стануваат дополнително меки.