Домашно чоколадо што се топи во устата

 

Потребни состојки:

1/2 чаша кокосово масло

1/2 чаша какао

3 лажици мед

1/2 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Во длабоко тавче на ниска температура стопете го кокосовото масло. Потоа додајте ги какаото, медот и ванилата и мешајте додека се соединат во еднолична смеса.
  2. Течната чоколадна смеса сипете ја во силиконски калап за чоколадо или за бонбони. Ставете го чоколадото да се стегне во фрижидер околу 1-1,5 час и потоа извадете го од калапот. Ако немате калапи, смесата може да ја сипете во обична тава обложена со алуминиумска фолија, но притоа внимавајте дебелината на чоколадото да биде онаква каква што сакате вие.
  3. За побогат вкус на чоколадото може да му додадете мелени/сечкани ореви, лешници, бадеми, суво грозје, цимет, рендана кора од портокал… Што и да одберете, додајте го откако ќе се стопат и соединат во еднолична смеса сите состојки во тавчето. Медот може да се замени со јаворов сируп. Чоколадото чувајте го во фрижидер.

На здравје!

 

Копирањето на содржината е забрането!