Потребни состојки:
600 г брашно
50 мл масло
200-300 мл млака вода
1 прстофат шеќер
сол по вкус
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сувите состојки и полека почнете да месите тесто додавајќи по малку млака вода.
- Кога ќе добиете тесто со средна тврдина направете топчиња кои со сукало ќе ги исукате во форма на круг (со димензија на тавчето во кое ќе се пржат).
- Пред пржењето тортиљите нека отстојат 15-ина минути покриени со најлон фолија.
- Пржете ги на средна температура во тефлонско тавче по 1-2 минути од секоја страна.
- Кога ќе бидат готови, наполнете ги со фил по сопствен избор или послужете ги суви, пресечени на четвртинки со некој сос.
На здравје!