Потребни состојки:
1/2 чаша овошен сок
1 лажица мед
2 лажици желатин
Начин на подготовка:
- Во тенџерче на ниска температура ставете го да се загрева сокот.
- Додајте ги медот и желатинот и мешајте додека сè да се стопи (да не зоврие). Потоа тргнете го тенџерчето од шпорет.
- Со пипета или со мала лажичка наполнете силиконски калапчиња со форма по ваша желба. Ќе ви послужат и калапчиња за мраз во различни форми, само да не бидат пластични затоа што нема убаво да се вадат бонбоните од нив. (Ако немате ни едното ни другото, смесата излијте ја на хартија за печење во тава и откако ќе се стегне сечете форми по ваш избор: лентички, коцки…).
- Ставете ги калапчињата во фрижидер да се стегнат околу 30 минути. Потоа извадете ги бонбоните од нив и чувајте ги во кутија со капак во фрижидер до една недела.