Потребни состојки:
2 чили пиперчиња исчистени од семките и исечкани
1 чешне лук ситно исечкано
1/2 главица кромид ситно исечкана
сол и бибер
450 г патлиџани исечкани на ситни парчиња
2 лажици сок од лимон
1 лажица маслиново масло
1/2 чаша ситно исечкан коријандер (или магдонос)
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги пиперчињата, лукот, кромидот, половина лажичка сол и 1/4 лажичка бибер.
- Додајте ги патлиџаните, сокот од лимон, маслиновото масло и нежно измешајте сè.
- На крај додајте го коријандерот и сервирајте ја салцата со чипс, препечен леб, како салата или гарнир.
На здравје!