Потребни состојки:
1 чаша печени и излупени лешници
1/4 чаша шеќер
1 лажица какао
1/4 лажичка сол
3 лажички кокосово масло
250-300 г млечно чоколадо, стопено и оладено
Подготовка:
- Во процесор за храна сомелете ги лешниците заедно со какаото, шеќерот и солта, да добиете рапава паста.
- Додајте го кокосовото масло и процесирајте ја смесата додека да стане речиси мазна.
- Потоа додајте го малку оладеното стопено чоколадо и процесирајте додека смесата убаво се изедначи.
- Намазот ставете го во тегла и почекајте убаво да се олади пред да го ставите капачето (може да биде малку течен додека не се олади целосно). Чувајте го во тегла на собна температура до две седмици.
На здравје!