Гастрономија

Домашен сладолед со праски

 

Потребни состојки:

4 јајца на собна температура

7 лажици шеќер

6 праски

1 ќесичка шлаг пена + млеко според упатството

1 чаша павлака за готвење

1 ќесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во шлаг-пената ставете шеќер по вкус и изматете ја според упатството на ќесичката.
  2. Изматете ја и павлаката за готвење.
  3. Праските излупете ги и исчистени од семките изблендајте ги во блендер до посакуваната густина.
  4. Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, да добиете густа пенеста конзистенција.
  5. Измешајте сè заедно со лажица или шпатула, да се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата во садови за замрзнување и ставете ги во замрзнувач најмалку 2-3 часа.
  6. Сладоледот сервирајте го откако убаво ќе замрзне, декориран со парчиња свежа праска.

На здравје!

 

Слични написи

Колбаси со зеленчук потпечени во рерна

Biba

Енергетски бомбици

admin

Похувани тиквички во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.