Технологија

Договор тежок 3,5 милијарди долари за 5G мрежа во САД

Нокиа го направи најголемиот договор за 5G мрежа.

Третиот по големина мобилен оператор во САД, Т Мобиле, склучи договор со Нокиа за имплементација на 5G мрежа.

Откако се спои со Spirit стана голем конкурент на гигантите Verozon и AT&Т.

Договорот со T-Mobile е од пресудна важност за финската компанија Нокиа чии деловни резултати со години наназад се под притисок на успорената побарувачка за постојната 4G мрежа и растечките сомнежи на инвеститорите околу тоа дали 5G договорите ќе ја зголемат профитабилноста на компанијата.

5G мрежата се очекува да донесе поголеми брзини за корисниците на мобилни уреди и ја прави мрежата почувствителна и подоверлива.

Нокиа ќе го снабди T-Mobile, американската подружница на германски Дојче Телеком со радиски пристап до AirScale платформата, вклучувајќи хардвер поврзан со cloud работење, софтвер и други услуги.

Слични написи

Енергија добиена од паѓање на снег

Biba

Русија ќе се двои од светскиот интернет

Biba

Промени на Фејсбук

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.