Доаѓа ли новата вијагра само за жени?

 

Сексуалната дисфункција влијае на самодовербата кај жената, нејзината слика за себе и своето тело, и на односот со партнерот.

По сè изгледа, на повидок е решението на проблемите поврзани со намаленото либидо. Американската агенција за храна и лекови го одобри новиот лек Vyleesi на компанијата AMAG Pharmaceuticals за враќање на либидото, произведен само за жени.

Станува збор за состојката бремеланотид, која во организмот се внесува со инекција непосредно пред сексот. Наменет е за жени во предменопауза и за жени со хипоактивна желба за секс, кај кои недостатокот за желба за секс може да доведе до значителни потешкотии во животот.

Клиничкиот психолог за бихејвиорална медицина од Универзитетската болница во Кливленд Шерил Кингсберг, вели дека ѝ се обраќаат многу жени без сексуален апетит и поголемиот дел од нив мислат дека тој проблем ги погодува само нив. Меѓутоа, не знаат дека овој проблем е многу распространет и погодува 8-10 % од жените.

Бремеланотидот не е првиот лек одобрен за лечење на намалено сексуално либидо. Лекот Addyi од групата на флибансерин е одобрен во 2015 година, но не е многу распространет, бидејќи не е дозволено да се користи во исто време кога се консумира алкохол.

Најчестите нуспојави на новиот лек се мачнина, главоболка и црвенило, но не во толкава мера за да се занемари ефектот на самиот лек.

Цената на лекот сè уште не е позната.

 

Забрането е копирање на текстот!