Психологија

Децата на депресивните трудници почесто страдаат од нарушувања во однесувањето

Децата од урбани средини чии мајки страдале од депресија за време на бременоста, имаат поголеми изгледи во текот на животот да развијат некакво нарушување во однесувањето. Понатаму, жените кои се агресивни или страдаат од некаков облик на нарушување во однесувањето за време на адолесценцијата и во тинејџерските години, поподложни се на депресија за време на бременоста, што значи дека животот на мајката пред бременоста може директно да влијае на однесувањето на нивните деца.

До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот во Кардиф, Универзитетот во Бристол и Кралскиот колеџ во Лондон, во заедничката студија чии резултати се објавени во списанието Child Development. Студијата опфатила 120 млади лица од урбани подрачја на Велика Британија.

“Многу внимание посветивме на анализирање на ефектите кои постпородилната депресија ги има врз новороденчето, но факт е и дека депресијата за време на бременоста може да влијае на децата”, изјави професорот по психологија Дејл Ф. Хеј.

За време на повеќегодишната студија, научниците ја следеле психичката состојба на мајките на испитаниците, и тоа за време на бременоста, и 4, 11 и 16 години по породувањето. Се дошло до заклучок дека децата на мајките кои страдале од депресија за време на бременоста, четири пати почесто развиваат агресивно однесување до шеснаесеттата година од животот. Статистиката покажала дека агресивноста се појавува подеднакво и кај момчињата и кај девојчињата, а научниците забележале дека мајките и самите страдале од некој облик на нарушување во однесувањето во младоста.

Врската меѓу депресијата за време на бременоста и агресивноста на децата, не била поврзана со фактори како семејната ситуација, општествената положба, етничката припадност, возраста на мајката, нивото на образование, коефициентот на интелигенција и други, напоменато е во студијата.

“Сè уште не е јасно зашто депресијата за време на бременоста влијае на однесувањето на децата, истражувањето покажува дека на депресивните трудници кои во младоста страдале од нарушувања во однесувањето им треба дополнителна поддршка и евентуално помош од стручни лица”, заклучиле научниците.

Слични написи

Дали решавањето проблеми може да го одложи менталното пропаѓање во староста?

Biba

Навики на издржливите личности

Biba

Осаменоста го забрзува стареењето и го зголемува ризикот од срцеви болести

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.