Децата во Белгија нема да може да бидат вегани

 

Научното мислење кое беше објавено на 16 мај од страна на белгиската Кралска медицинска академија, ќе отвори можност за полесно кривично гонење на родителите кои своите деца ги хранат според стандардите на веганството.

Академијата вели дека веганството кај децата е “неетичко”, бидејќи може да доведе до здравствени проблеми во нивниот развој. Технички, веганството не е забрането и оваа одлука не ги поистоветува постапките на родителите со негрижа, но со оглед на тоа дека се работи за институција која има големо влијание, се отвора можност за користење на нивното мислење во ситуации каде што се јавуваат здравствени проблеми кај деца во развој, а имаат историја на веганство.

Иако звучи строго, белгиските власти ова го објаснуваат со сè поголемиот број на смртни случаи кај деца на училишна возраст, кои се сметаат за случаи настани заради неправилна исхрана.

Мислењето на Академијата воедно е и предупредување до родителите. Според белгискиот законик, кривично дело е ако не му помогнеш на лице во опасност.

Претседателот на комисијата Жорж Касимир, вели дека е подобро родителите да се едуцираат наместо да се казнуваат, но нагласува дека треба да се застане на пат на опасноста од неправилна исхрана кај децата во развој.

 

Копирањето на содржината е забрането!